• EOS  Групацијата има цел да ги задржи талентите на долг рок.
  • Поголема одговорност и автономија го подобруваат односот меѓу вработените.
  • Програмите на Групацијата EOS го поттикнуваат споделувањето на знаењето меѓу различните компании.
Најголемата вредност на една компанија се луѓето. Нивните способности, нивната посветеност и нивната страст се предуслов за достигање и одржување на комерцијалниот успех. Затоа, во својство на префериран работодавач, EOS Групацијата вложува многу за да ги привлече младите таленти и да ги задржи долгорочно.

Охрабрувањето е клучен предуслов за да се постигне ова. Вработените се поттикнати да ги претставуваат своите интереси независно и да дејствуваат со автономија. За да го поддржи ова, EOS во последниве години воспостави нови и ги прошири постоечките програми за вработени кои не се создадени единствено да им дадат знаење и вештини, но и да создадат отворена корпоративна култура. Култура која ги охрабрува луѓето да вложуваат во себе, да учат и активно да придонесуваат и култура која поттикнува соработка и размена на идеи.

NXT Меѓународен процес за таленти

Треба да го препознаеш својот потенцијал за целосно да го реализираш. По успешниот пилот тест во Германија, EOS Групацијата го започна својот „NXT“ Меѓународен процес за таленти на меѓународно ниво во фискалната 2022/23 година. Врз основа на нивниот потенцијал и перформанси, 92 најдобри таленти од 17 компании во EOS Групацијата беа избрани учествуваат во едногодишната програма за развој. Меѓу другото, програмата вклучува „Harrison Assessment“, кој користи 156 фактори, особини за да ги спореди барањата на позициите низ целата Групација со вештините на вработените. Други карактеристики на програмата вклучувата вмрежување на целата EOS Групација, учество во внатрешни презентации во стил на TED-Talks (TED-Разговори), и модули за учење на теми како што се преговарачки или вештини за тренирање (coaching).

Млади професионалци во EOS

Секој кој сака долгорочно да води тим и да биде одговорен оддели не може да се потпира само на сопствените професионални вештини. Исто така е потребно искуство, голема мрежа, и увид во различни култири и различните стилови на лидерство, особено во меѓународна групација. Во “Young Professionals” програмата, практикантите се соочуваат со уникатен увид во светот на EOS во период од две години. Новите таленти поминуваат 6 месеци во индивидуално определен оддел, 6 месеци како дел од тимот кој управува со прашања за активностите на EOS во Западна Европа, 6 месеци како дел од тимот кој управува со прашања за Источна Европа и 3 до 6 месеци во една од 24 меѓународни подружници на EOS.

Ова видео е обезбедено од YouTube. Со кликнување на копчето Прифати, се согласувате YouTube да поставува колачиња на крајниот уред што го користите и со тоа да ги обработува лични податоци доколку е потребно. За повеќе информации за ракувањето со корисничките податоци, ве молиме погледнете ја политиката за приватност на YouTube на: https://policies.google.com/privacy?hl=mk

Прифати
nurse, doctor, wrinkle, production-line, counter video_zoom_boxvideo_zoom_box
Interview Arthur Pervy
Прекини.Прекини.
Interview Arthur Pervy

Level Up! Peer coaching (врснички коучинг)

Општо земено, луѓето учат од другите колеги. “LevelUp!” има цел да помогне во создавањето на атмосфера во компанијата во која извршните директори, менаџерите и таленти се сослушуваат едни со други и споделуваат знаење, идеи и инспирација. За таа цел, учесниците во оваа програма учат основни техники за тренинг (coaching) и добиваат можност ги испробаат овие вештини во “комфорт зоната”. Целта не е да се обучат менаџери и таленти да бидат професионални предавачи, туку да се охрабрат со цел да го идентификуваат и откријат потенцијалот на членовите на нивниот тим и да им помогнат да создадат нови идеи и решенија.

EOS Академија

За да можеш да се прилагодиш на нови околности, треба постојано да учиш. Поради оваа причина EOS во фискалната 2022/23 ја започна EOS Академијата. Таа не само што развива и ги координира индвидиуалните програми како “LevelUp! “ и “Masterplan”, туку и нуди тековни курсеви каде сите вработени во групацијата можат да се стекнат со знаење и да ги подобрат нивните перформанси и активно да формираат интердисциплинарни размени. Целта е да има што е можно повеќе релевантност во праксата, па програмата е предводена по барањата на вработените. До денес, на пример, академијата нуди англиски курсеви и семинари за преговарање. Исто така, во рамки на програмар се организира обука за ИТ за менаџерите кои не работат во ИТ, со цел да се шири разбирањето на новите техлнологии во сите оддели на EOS со цел да останеме успешни на пазарот.

Masterplan платформа за учење.

EOS сака да го поттикне индивидуалното и самостојно учење. Преку онлајн платформата Masterplan (Мастерплан), вработените на Групацијата имаат можност самостојно да пристапат и да користат од големиот избор на материјали. Исто како и интерните соджини како што е ”The EOS Brand”, платформата исто така нуди и високо квалитетни видеа со експерти од индустријата на теми како што се дигитална трансформација, меки вештини, човечки ресурси и слично.
Carina Bonde, Corporate Communications & Marketing

Carina Bonde
Corporate Communications & Marketing

Телефон: + 49 173 2979331

c.bonde@eos-solutions.com

Стапете во контакт

Photo credits: EOS