Ова е новиот бренд EOS: Марвин Рамке се претставува себеси и новото лого на EOS.

Подинамичен, дигитално ориентиран и револуционерен: EOS.

Преку својот нов бренд EOS ја претставува интерната трансформација на групата кон надворешниот свет. Извршниот директор Марвин Рамке во интервјуто зборува за начинот на размислување зад брендот и неговата важност за деловните партнери.

  • Новиот свет на брендот EOS ги вклучува динамиката, дигитализацијата и намерата за обликување на иднината.
  • Развојот на EOS од национален давател на услуги за наплата на побарувања во меѓународно оперативен финансиски инвеститор станува видлив за надворешниот свет.
  • Извршниот директор Марвин Рамке во интервјуто објаснува што очекува од новиот идентитет и какво значење има тоа за клиентите на EOS.

Зошто сега е вистинското време за нов идентитет на брендот?

Релансирањето на брендот е уште една клучна етапа во развојот на EOS групацијата. Ова ќе го разјаснам преку една компонента како што е логото. Ако го погледнете нашето старо лого, тоа изгледа многу класично, многу конзервативно или едноставно - во германски стил. Ние одамна престанавме да бидеме тaа аналогнa, националнa компанија за наплата каква што бевме кога беше дизајнирано ова лого. Денес, ние сме меѓународен финансиски инвеститор и дигитален предводник, смело го предводиме патот и поставуваме стандарди за целата индустрија. Овој извонреден развој досега не сме го соопштиле на надворешниот свет. Но, затоа сега ќе надоместиме со новиот дизајн.
 Marwin Ramcke

Нашиот нов бренд исто така ја покажува нашата посветеност на континуиран развој. Никогаш нема да има крај на развојот на EOS, трансформацијата е дел од нашата ДНК.

Што детално претставува новото лого на EOS?

Новиот свет на брендот EOS ја вклучува динамиката, дигитализацијата и намерата за обликување на иднината. Малата буква „e“ на логото ја означува интернационалноста на EOS групацијата, која сè повеќе станува фокус на нашите секојдневни активности. Произлегува од англискиот – глобалниот јазик, кој ретко користи голема буква. „О“ го симболизира фокусот на нашите цели да ги промениме финансиите на нашите клиенти и корисници кои доцнат со плаќањата на подобро во голема или мала мера. Исто како што „О“ е во центарот на логото, нашите цели се од централно значење. „S“ – со својата недовршеност – го претставува нашиот процес на трансформација, во кој сме ангажирани неколку години. Постигнат е голем напредок, особено во областа на корпоративната култура и дигиталната трансформација. И на овој начин покажуваме дека никогаш не престануваме да се развиваме. Никогаш нема да има крај на развојот на EOS, трансформацијата е дел од нашата ДНК. 

Каква промена претставува новиот бренд за клиентите на EOS?

За нашите клиенти нема да има голема промена на почетокот, освен логото на меморандумот. Ќе останеме доверлив и стабилен партнер кој ќе продолжи да ги процесира нивните побарувања со истите вредности и стандарди. Ние ќе продолжиме да иновираме секојдневно, станувајќи се повеќе дигитално ориентирани и подобри со секој изминат ден, постојано проширувајќи ја нашата палета на производи. Нашите вработени, како и нашите алгоритми, се надградуваат секојдневно. Ова значи дека ние постапуваме сопобарувањата сè поефикасно и можеме да им понудиме на нашите клиенти најдобри цени. Тие можеа да сметаат на ова во минатото – и ќе можат и во иднина.
ЗумЗум
Ова е новиот бренд EOS: Новото лого го краси холот на седиштето на EOS.
Новото лого на EOS ги претставува трите темели на новиот свет на брендот: динамика, дигитализација и намера за обликување на иднината.

Што очекувате да се постигне со новиот бренд?

Нашата визија, новата аспирација и најважно новиот идентитет на брендот вклучувајќи го и дизајнот – сето тоа се работи кои нѐ дефинираат како групација. Новиот бренд им покажува на нашите засегнати страни кои сме ние, дека сме во чекор со времето и во која насока сакаме да се движиме во иднина – накратко, што можат да очекуваат кога работат со нас. Тука е клучен првиот впечаток. Сепак, не смее да се заборави ефектот што таквото позиционирање го има внатрешно врз сопствената организација. Новиот бренд создава нов идентитет на целата групација и им овозможува на поединечните подружници да се зближат уште повеќе.

Значи, во иднина треба да се интензивира меѓународната соработка?

Точно. Благодарение и на пандемијата, веќе ги поставивме техничките основи во изминатите две години. Вработените во сите наши национални подружници сега се поврзани преку една алатка за соработка. Ова ни нуди многу нови можности за соработка во иднина. Наместо да работиме изолирано, сакаме да ги надминеме границите од кој било вид; наместо да работиме самостојно на национално ниво, сакаме да работиме повеќе во мултинационални тимови.

Ние можеме да постапувам со побарувањата сè поефикасно и можеме да им понудиме на нашите клиенти најдобри цени. Тие можеа да сметаат на ова во минатото – и ќе можат и во иднина.

Не е само брендот тоа што е ново. Штотуку бевте назначени на функцијата извршен директор. Дали беше вистинско време за промена во раководството?

Не сакам да проценувам дали беше вистинското време. Но, промената на раководството секогаш нуди можност да се создаде нов импулс, да се преиспитаат работите и да се преиспитаме себе си – ова не се однесува само на мене и на Одборот, туку на сите, независно од хиерархиското ниво. Оваа енергија сега треба да се искористи. Многу работи веќе се одвиваат добро во EOS. Ние сме повеќе од 6.000 вработени и сè уште се чувствуваме како едно големо семејство. Тоа е една од нашите силни страни. Но, сè уште има огромен потенцијал во групацијата. Лично, јас се стремам кон целта да станам малку подобар секој ден отколку што сум бил претходниот ден. И сакам да го пренесам овој начин на размислување на целата компанија преку мојата работа.

Сакате да дознаете повеќе за извршниот директор Марвин Рамке или за релансирањето на брендот?

Фото кредити: EOS